2020-та година е веќе пред прагот и сите се надеваме на нови и успешни почетоци. Но, доколку верувате во астрологијата, а притоа сте родени во некој од овие хороскопски знаци, бидете внимателни во Новата година зашто таа ви носи многу нервози и проблеми…
Бик
Биковите ќе се соочат со проблеми од минатото. Ќе навредите блиски пријатели и личности, а проблемите само ќе ви се трупат. За жал, тие нема да можат да се потпираат на туѓа помош и ќе мора сами да се справат со се’…
Рак
Ракови, вам најпрво ви претстојат финансиски потешкотии. Затоа, астролозите ги советуваат претставниците на овој хороскопски знак да не ја влошат нивната веќе тешка состојба и да не се вклучуваат во ризични активности, туку да се обидат да го сочуваат она што им е оставено.
Овен
Овни, вам ви претстои депресивен период, а најмногу ќе страдаат вашите најблиски. Можни се кавги со пријателите, несогласувања со партнерите и тешка семејна атмосфера. Ако Овенот не се справи со себе, не ги договори своите мисли и чувства, на крајот на година би можел да биде во вистинска пустина.