Пробајте го германското трикче за ладење на соба – речиси беспари, а не троши ни струја!
Иако ефектот е локализиран и трае околу 3 до 5 часа, одличен е за спални соби пред спиење или како краткорочно решение во простории без клима-уред.

Меѓу Германците актуелно е многу интересно трикче за разласување во жештиниве. Трикот бргу се прошири на социјалните мрежи, па еве ни и нам шанса да го испробаме.
Имено, Германците откриле едноставен и целосно бесплатен метод за ладење на домот за време на жешките денови, без користење клима или вентилатор. За овој трик потребно ви е само пластична шише од 1,5 литар и вода од чешма.
Advertisement
Функционира вака – наполнете го шишето со вода (оставете малку празен простор за да не пукне кога ќе се формира мраз), замрзнете го преку ноќ (во замрнзувач), а потоа ставете го во просторијата на повисоко место, на пример на висока полица или шкафче.
Ледот се топи и создава студен воздух кој се спушта низ просторијата, создавајќи чувство на пријатна свежина.
Стручњаците објаснуваат дека основата на ова ладење е т.н. „латентна топлина на фузија“, односно дека водата апсорбира топлина од околината додека преминува од цврста во течна состојба. Ако шишето го поставите на тацна заради кондензацијата, ќе овозможите дополнителна ефикасност бидејќи ќе спречите капење на вода на подот.
Овој трик може да ја намали температурата во непосредната близина на шишето за 1 до 3°C, зависно од големината на просторијата и почетната топлина, и нуди олеснување особено во најжешките часови од денот. Се разбира, може да употребите повеќе вакви шишиња со замрзната вода поставени стратешки на различни делови од собата.
Иако ефектот е локализиран и трае околу 3 до 5 часа, одличен е за спални соби пред спиење или како краткорочно решение во простории без клима-уред.