Овие жени најгласно се смеат, имаат најубава насмевка, а нивната самоувереност се гледа на сите страни. Привлечни се, полни со страст, малку тврдоглави, но полни со живот и желба за љубов. Ако не погодивте, ви ја претставуваме жената Лав.
Во врските тие се независни и сакаат партнер со кој ќе можат да ја делат оваа особина. Не им треба некој да се грижи за нив, туку маж кој е доволно сигурен во себе. Сака забава и динамика, а најмногу не поднесува рутина. Кога станува збор за пријателството, благодарејќи на нејзината топлина и магична енергија, Лавицата како магнет ги привлекува луѓето околу себе, е нејзините пријатели најчесто се и нејзини „обожаватели“.
Густата и нескротлива коса, како грива на лав, изразените црти на лицето, големите и топли очи, широкото чело и малите уши се физички карактеристики по кои е препознатлива жената Лав. Најмногу е горда на својата коса, која најчесто е во плава или црвена боја.
Повеќето Лавици се високи и со долги нозе, елегантни, со цврста мускулатура и кралско држење на телото. Секогаш делуваат углед, гордо и урамнотежено.