Реклама
Престиж

Привид меѓу нозе

Реклама

„Ааааах! Назгул*, назгул!“, ќе викаат неуките жени и припростите мажи, кога на оваа ’грдосија‘ ќе влетате пред кафулето во вашата кутра населба….

Маркетинг

Според последните анкети, повеќето од вас живеат во урбани средини, но да се преправаме за потребите на приказнава дека живеете во гореспоменатата населба/селце (демек кај нас не постојат урбани средини!). „Назгул“! Значи, „Назгул“ извикуваат жените додека вие прелетувате наоколу на ова лудо моториште и додека со „Урук Хаи“ насмевка се кезите. И доста е, рајата ви се поклонува, вие сте Цар, а богами и ние ќе ве изнабакнуваме во обата образи (од среќа); ова се однесува за првиот кој што ќе го уловиме да си вози кругчиња наоколу на моториштето Confederate Motor Company B91 Wraith.

На крајот од 2005г. од фабриката во New Orleans се испорачаа вкупно 20 парчиња, ексклузивни привиди (авети, духови…како сакате наречете ги) од овие машини, чие алуминиумско тело и ден денес е опседнато со духот на древниот изум од американскиот југ. Потонатата подморница C.S.S. Hunley, пиштол со две цефки LeMat, Jazz и Rock n’ Roll живеат низ овој моторцикл, како и во среќниците кои со него крстосуваат низ светот.

Маркетинг

Следат вообичаените досадни факти: агрегатот е рачно изработен V-Twin, со 120 КС, оклопот (и сé останато, вклучувајќи ја и чудовишната вилица) е од карбонски влакна……Цената му е 50 000 зелени!

alt

alt

alt

*Назгул – Кој не знае што е или кој е Назгул, нека се убие. Фуснота, како што стручно се нарекува црвениот збор во кој што зјапате, е осмислен за случаи кога е потребно нешто да се објасни, но овде подвлекуваме црта!

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button