Реклама
Вести

ПРИСТИГА МОЌЕН ПОЛАРЕН ЦИКЛОН: Од среда силен ветер, и 40 см снег!

Реклама

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почнувајќи од 20 Ноември (среда) целиот Балкански Полуостров, вклучувајќи ја и нашата Македонија ќе бидат зафатени од моќен циклон кој ќе биде со центар токму над Балканот, но и над Италија и истиот ќе условува обилни врнежи, најпрвин од дожд, а потоа од снег.

Сето ова ќе биде проследено со бурен ветер, кој понекаде ќе достигнува брзина од над 80/90 км/час, локално и со брзина дури и од над 100 км/час.

Маркетинг

Снег ќе го покрие речиси целиот Балкан следната седмица, а што се однесува до Македонија, истиот ќе го има особено на повисоките места и на планините, но од средината на седмицата, поточно од четврток 21.11.2024 повремен снег ќе има понекаде и на пониските места, особено во западните и во северните предели. Можно е помало формирање на снежна покривка и во пониските места во Македонија.

Маркетинг

Поради заладување од среда, најпрвин во земјите од регионот врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, како на планинските, така и во населените места (градовите). Меѓутоа, на планините ќе се формира првата значителна снежна покривка за оваа сезона. Помала снежна покривка ќе има понекаде и во градовите.

По 20 Ноември на планинските места, особено во западните и во северозападните предели од Македонија ќе пристигне првата позначителна снежна покривка која локално и ќе надминува 40 cм.

Овој циклон во Македонија исто така ќе услови обилни врнежи од дожд, особено од среда ноќта кон четврток и во четврток. Најпрвин ќе дува силен ветер од јужен и од југозападен, а во четврток од западен и од северозападен правец (повремено и локално со брзина од над 80 км/час). Во четврток поради позначително заладување, на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира нова снежна покривка. Повремен снег во четврток ќе има и во некои пониски места (градови).

Што се однесува до температурите, во почетокот на следната седмица тие ќе бидат во помало покачување, а веќе во четврток повторно нагло и значително ќе опаднат.

Овој ладен бран следната седмица на многу места во регионот ќе донесе многу ниски температури, кои наутро на повеќе места ќе се споуштаат до околу -10 степени, додека на повисоките места и на високите планини тие ќе се спуштаат до околу, па и под -15 степени. Многу студено ќе биде и преку ден па така на могу места температурите едвај ќе надминуваат нула степени, а понекаде ќе останат и под нулата.

Што се однесува до температурите кај нас, во почетокот на следната седмица ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени, додека во четврток нагло ќе опаднат и ќе се искачуваат од 3 до 10 степени, а дополнително заладување ќе имаме во четврток доцна попладне и навечер, па така во петок наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2, а на високите места и планините тие би можеле да бидат и пониски.

После оваа голема промена на времето, следува уште еден продор на студен бран, но овој нов продор барем одсега гледано ќе биде уште посилен и со уште пониски температури.

Понатаму во следните мои метео објави следува нова и по потреба обновена детална анализа токму околу оваа голема промена на времето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button