Реклама
Нега и здравје

Не можете да си најдете соодветен шампон? Тогаш направете си сами!

Реклама

Постојано купувате шампони и никако да си го погодите вистинскиот?

Маркетинг

За сува и оштетена коса, за мрсна, за волумен, за бојадисана коса … нема крај на варијантите на шампони кои се нудат на полиците на продавниците. Сте испробале се. Од помалку познати до најпознати марки, од најевтини до најскапи. И останувате разочарани што косата не ви е како на девојките на рекламите на телевизија. Што шампонот едноставно не ви ги исполнил очекувањата …

Не очајувајте! Ви предлагаме да се релаксирате и да пробате да си направите шампон сами. Ќе имате повеќекратни придобивки – ќе се поштедите од штетните состојки во комерцијалните шампони, ќе заштедите пари бидејќи состојките кои се користат во природните се прилично евтини и секако – ќе добиете убава, здрава и сјајна коса!

Ги издвоивме наједноставните рецепти кои се приготвуваат брзи и лесно и кои содржат состојки што можете да ги најдете насекаде.

Маркетинг

Шампон со желатин

Измешајте една лажица желатин и една жолчка од јајце да добиете воедначена смеса и нанесете на мокра коса. Оставете да делува 5-10 минути, исчешлајте и измијте убаво со вода. Можете да направите и концентриран раствор од желатин со една лажица желатин, три лажици вода и една жолчка. Оваа смеса содржи многу протеини така што вашата коса ќе стане убава и бујна.

Шампон со прашок за пециво за мрсна коса

Верувале или не една одлична состојка за нега на мрсната коса е прашокот за пециво! За подготовка на шампонот ви е потребна една лажица прашок за пециво и еден филџан вода. Измешајте убаво за прашокот за пециво да се растопи во водата, нанесете на мокра коса и убаво измасирајте. Измијте ја косата со вода и на крај прелијте ја со чаша вода во која сте додале една лажица јаболков оцет. Со овој шампон ќе се ослободите од мрсната коса и од перутот и ќе имате убава и сјајна коса.

За мрсна коса наместо шампон можете да употребите и разреден црн чај со кој убаво ќе ја измиете косата и потоа ќе го измиете со млаз вода.

Шампон со сода бикарбона

Шампонот со сода бикарбона е одличен за отстранување на нечистотиите од косата, перутот и вишокот себум. Може да се користи за сите типови на коса но најделотворен е кај мрсната коса која по миењето со него ќе остане чиста 3-4 дена. Измешајте една лажица сода бикарбона со чаша вода (околу 200 мл.) за убаво да се растопи и измијте се со добиената смеса како што се миете со обичен шампон. На крај можете да ја прелиете косата со раствор од вода и јаболков оцет, најдобро од една лажица јаболков оцет и литар вода. Ќе се изненадите од резултатите!

Шампон од пченкарен скроб за волумен

Ставете една лажица сода бикарбона во чаша вода и полека додавајте пченкарен скроб додека не ја добиете саканата густина. Измијте ја косата со добиената смеса како со обичен шампон. Вашата коса ќе изгледа многу побујно и поздраво!

Шампон од лимон и краставица

Ако сакате да ги отстраните сите нечистотии од косата и вашата коса да блесне во полн сјај направете шампон од лимон кој е познат како средство за чистење и краставица која е познато средство за хидратација. Еден излупен лимон и една излупена краставица се мешаат во блендер и со добиената смеса се мие косата како со шампон, а потоа убаво се измива со вода.

Шампон од јајце за сува коса

Ако имате сува и безживотна коса најдобро е да направите шампон од јајце кое содржи лецитин и аминокиселини кои ја штитат косата од оштетувања и го отстрануваат перутот. Две јајца, три лажици сода бикарбона, две лажици маслиново масло и две лажици сок од лимон убаво се мешаат да се добие воедначена смеса која се втрива во косата а потоа убаво се измива. Исто така, можете да направите и упростена верзија само од едно јајце кое ќе го разматите во малку топла вода. Со оваа смеса ја миете косата како со шампон, потоа прво измивате со вода, а потоа со раствор од два литра вода и една лажица јаболков оцет.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button