Дом и семејство

НАПРАВЕТЕ САМИ: Природни освежувачи за простории

Advertisement

Многумина од вас веќе слушнале или прочитале рецепти за природни средства за чистење на домот, а верувам дека и многумина постојано ги користат и на тој начин се заштитуваат себе си и своето семејство од штетните состојки на комерцијалните средства за чистење, а воедно и штедат пари.

Advertisement

Овај пат ќе споделиме неколку едноставни рецепти за освежувачи на простории кои лесно можете да ги направите сами. Состојките кои ги содржат се евтини и достапни насекаде, па нема причина зошто да не ги пробате!.

Рецепт 1: Природен освежувач за домот

Advertisement

Иако сите домаќинки постојано се трудат домот да им биде уреден и чист, едноставно постојат некои места на кои мора да се обрне дополнително внимание. Овој освежувач е во тврда форма и одлично ќе ви се најде за сите места на кои е потребна интервенција: во корпата за нечисти алишта, во кантата за ѓубре, во алиштата кои сте ги складирале за следното лето/ зима итн. Потребно ви е: 2 чаши дестилирана вода или обична вода провриена 10 минути, етерично масло од лаванда или кое било што ви се допаѓа, силиконски калапи за мраз и 300-400 гр. сода бикарбона.

Ставете 20-30 капки етерично масло во половина чаша вода и додајте ја во сад каде што веќе сте ја ставиле содата. Ја додавате и преостанатата вода, постепено, и мешате постојано додека не добиете густа смеса.

Добиената смеса се става во силиконски калапи, на пример за мраз (можете да бидете креативни па да изберете калапи со некои интересни форми на овошје, цветови и т.н.) и се остава да отстои ден-два за убаво да се исуши. Кога смесата ќе биде целосно сува внимателно извадете ги парчињата и распределете ги на важните локации – тоалетот, просторот под лавабото, кујната, кантата за ѓубре, корпата со нечисти алишта, машки чорапи за перење, и не заборавајте ги плакарите – мирисот од лаванда освен што освежува ги брка и молците, така што зимните алишта ќе ви бидат и намирисани и заштитени.

Кога мирисот ќе почне да слабее можете освежувачите да ги ставите во машината за перење заедно со алиштата и тие ќе ви бидат убаво испрани и меки.

Рецепт 2:

Природен освежувач за простории

Наполнете една помала тегличка со сода бикарбона, околу ¼ од тегличката, ставете десетина капки од вашето омилено етерично масло и потоа затворете ја тегличката со алуминиумска фолија или капак на кои ќе направите мали дупчиња.

Освежувачот за простории е готов!

Ако го чувате на видливо место, подбро изберете некоја посимпатична тегличка, или соодветен стаклен сад. Повремено протресете ја тегличката и свежиот мирис ќе биде постојано присутен во просторијата. Освен дома, ваква миризлива тегличка можете да си ставите и во канцеларијата или пак во автомобилот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button