Секако дека е најлесно да ги ставите намирниците во соковникот, да го вклучите програмот, да почекате неколку секунди и сокот е готов.
Но, проблемот е во тоа што соковниците се скапи, па доколку сте меѓу оние кои што го немаат еве еден совршен начин како да ги правите вашите природни џусеви. Се што ви треба е миксер или блендер. Процесот трае малку подолго, но ќе уживате во перфектниот сок кој ќе го пиете помеѓу четири ѕида.
Прв чекор
Најпрво добро измијте ги намирниците, а доколку не сте сигурни во органското потекло на производите, тогаш задолжително излупете ги. (види го Рецептот на Џулија Робертс за отстранување на пестициди).
Потоа ставете ги во блендер и миксајте додека не добиете каша. Колку подобро го изблендирате овошјето, толку полесно ќе добиете сок.
Втор чекор
Промешајте неколку пати, а потоа процедете кроз цедалка.
Со шпатула лесно притискајте ја смесата како би ја исцедиле добро и како подобро би ги искористеле намирниците.
Fото: Juice