Наши ѕвезди
COVER STORY

Принцот од Хунза на гости кај Марина Дојчиновска – воодушевен е од земјата на големиот Александар Македонски

Необичен гостин...

Advertisement

Поранешната водителка Марина Дојчиновска овие денови имаше интересни гости дојдени од една далечна земја.

Како што и самата откри, станува збор за принцот од Хунза, Салим Кан, најстар син на Мир Газанфар Али Кан и Рани Атика.

Advertisement

Тие беа дојдени во Македонија, а Марина им беше домаќинка, па сподели неколку заеднички фотографии со нив.

Приватна архива

„Принцот од Хунза Салим Кан-најстариот син на Мир Газанфар Али Кан и Рани Атика, беше во Македонија. Ова беше приватна посета, а честа да бидам негова домаќинка овде, ми претставуваше неизмерна радост“, напиша Марина во описот додавајќи дека изборот на фотографиите ги направиле заедно со принцот.

Салим со тоа што е најстариот син на Мир Газанфар Али Кан и Рани Атика и е Престолонаследник на Хунза, со кралска лоза од 900 години.

Приватна архива

Тој е школуван во најдобрите колеџи во Исламабад и политички науки во САД, а Македонија ја посети прв пат во животот.

Неговите родители веќе беа гости во нашата земја, а за овој настан тогаш пишуваа и Њујорк Тајмс и Хералд Трибјун.

Приватна архива

Принцот Салим овој пат беше во приватна посета кај Марина Дојчиновска, по што и тој сподели фотографии од посетата..

Изборот од фотографиите од Македонија го направи тој и ги објави веднаш штом стигна дома, на својот фб профил.

Приватна архива

„Бев кај пријатели како семејство, во Македонија-земјата на Александар Македонски“, напиша тој под фотографиите.

Приватна архива

Потсетуваме, Хунзите се народ кој живее во затскриен регион на Хималаите, а познати се и по нивната долговечност

Живеат на планините на северен Пакистан и важат за најздрав народ на светот, а се хранат и живеат целосно природно.

„После првата средба со Хунзите и сите впечатоци со македонски предзнак, откривa и други специфики кои ги прават овие луѓе уникатни и необични. Една од нajбитните е нивната долговечност. Тие вообичаено живеат над 100 години, според филозофијата дека од овој свет треба да се замине од старост, а не заради болест“, изјави Марина во една пригода во интервју за Гламур, откривајќи уште многу тајни за овој интересен народ.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button