Холивуд

Британската јавност во шок – контроверзната принцеза се шета топлес на Ибица!

Advertisement

Младата Лејди Амелија Виндзор (22), блиска роднина на принцот Хари и Вилијам, повторно непријатно го изненади кралското семејство.

Advertisement

Имено, музата на светски познатите основачи на брендот “Dolce&Gabbana” моментално летува на Ибица каде папараците ја фотографирале во топлес издание, а фотографиите веднаш предизвикаа скандал во британското кралско семејство.
Младата манекенка е ќерка на Џорџ Виндзор, гроф од Св. Ендрјус и Силвана Томасели, учителка по историја.

Нејзиниот татко Џорџ Виндзор, поради тоа што неговата сопруга веќе имала еден брак пред него, морал да се откаже од својата позиција во редот за наследување на кралската круна, но со промената на актот во 2013 година, грофот и неговата ќерка се повторно на листата за британскиот престол.

Advertisement

Многумина од британската јавност ја сметаат Амелија за една од најсексапилните девојки на кралскиот двор, а поради својата бунтовна природа таа им е омилена на најмладите.

Таа на светската сцена стана популарна откако на една забава се појави во провокативен фустан кој ги откри нејзините гради и тетоважата на ребрата.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button