Наши ѕвезди

Не е чудо што изгледа вака и во шестата деценија – примабалерината Мијалкова ги покажа стомачните

Еве како изгледа нашата примабалерина додека вежба...

Advertisement

Балерината ги воодушеви сите со ова свое издание

Нашата позната примабалерина Александра Мијалкова (52) е дама која и те како води сметка за својот изглед.

Advertisement

Таа се занимава со професија за која треба да е во извонредна форма, па во една пригода откри и како изгледа додека вежба.

Фејсбук/ Александра Мијалкова

Облечена во хеланки и бел спортски топ Сандра покажа како се поти, но и како ја одржува формата за да изгледа како што сака.

Advertisement

Таа седи на клупа и прави една поприлично тешка вежба, покажувајќи како ги вежба своите стомачни мускули.

Принтскрин/ Фејсбук, T. Б. Слободанка

Повеќе од очигледно е дека нашата примабалерина е максимално посветена на својата најголема љубов во животот , а тоа секако е балетот, за што треба постојано да е во беспрекорна форма.

Нејзиното затегнато тело е резултат на постојани вежби и неуморна работа, а ова нејзино фит издание привлече големо внимание, по што следуваа комплименти на сметка на нејзиниот изглед.

Принтскрин/ Фејсбук, T. Б. Слободанка

Потсетуваме, Александра Мијалкова од 1991 година работи во Македонската опера и балет, а примабалерина е од 1998 година.

Мијалкова за време на својата балетска кариера има играно голем број балетски улоги, а нејзината приказна со балетот започнува уште од најрана возраст. Најголемо влијание имала секако нејзината мајка, истакна балетски уметник од првата генерација основоположници на македонскиот балет, која уште како дете редовно ја носела својата ќерка на балетски претстави.

Принтскрин/ Фејсбук, T. Б. Слободанка

Тоа ќе биде и причината Александра да се запише на балетска школа, а оваа нејзина љубов подоцна ќе ѝ стане главна професија.

Принтскрин/ Фејсбук, T. Б. Слободанка

И како што самата вели во една пригода, за оваа професија потребна е голема упорност, дисциплина и љубов кон уметноста.

„Талентот и физичката подготвеност се важни, но исто така треба и психичка подготвеност за да се носиш со тежината на оваа убава, но тешка професија“, сподели во една пригода Александра за Гламур.

Што друго ни откри оваа наша извонредна дама, но и што друго освен балетот применува за да остане во форма, откријте тука.

Целото видео може да ги погледнете тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button