Препораки

Пријави се и дојди на вкусна средба со dmBio

Advertisement

На 10 април (четврток) со почеток од 18 часот, во школата за готвење FJ Culinary, dm ве поканува на вкусна средба со dmBio, која е посветена на органската исхрана и готвењето со органски состојки.

Доколку сакате да научите нешто повеќе за органската храна и да ги истражите сите начини на кои таа може да биде подготвена, или пак имате прашање кое сакате да го поставите до нутрицонист – тогаш овој настан е како создаден за вас. За да бидете дел од ова ,,вкусно“ искуство, потребно е да го пријавите вашето присуство тука!

Advertisement

Настанот ќе започне со панел-дискусија на тема „Органска храна: научи, прашај, примени“, на која нутриционистите Симона Коруновска и Антонио Велковски, заедно со лекарот по општа медицина Бојан Трајковски, ќе поразговараат за сите оние работи поврзани со органската храна кои можеби не сте ги знаеле, но се многу важни за современиот свет во кое живееме. Во улога на модератор на дискусијата ќе биде Маја Лазаревска од „Готвиме со Маја“.

Веднаш по завршувањето на дискусијата, присутните ќе можат да проследат готвење во живо и демонстрација на рецепти сo dmBio производи, подготвени од искусните готвачи од FJ Culinary School. Ќе се подготвува за секого по нешто: посни бургери, тестенини со различни сосови и вегански сутлијаш со пудинг и џем. А по готвењето, следи дегустација на модерни јадења направени со dmBio производи, кои се вкусни, здрави и приспособени на забрзаниот начин на живот во денешницата, за да можете да јадете без грижа на совест.

Advertisement

Сите оние кои се заинтересирани за органската храна, начините на кои таа може да биде подготвена и придобивките од истата, можат да го пријават своето учество преку онлајн формуларот на веб-страната на dm.

Настанот ќе се одржи во просториите на школата за готвење FJ Culinary, лоцирани на ул. Јадранска Магистрала бр. 58 во Скопје. Пријавата ќе биде отворена до 8 април, односно до пополнување на местата. Затоа, побрзајте, пријавете се и бидете дел од вкусната средба со dmBio!

Комерцијален текст

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button