Kaliopi Music Production & Kaliopi Facebook Fan Page Ви го представуваат Kaliopi Fan Festival како вистинско освежување за топливе летни денови.
Се избира најдобро караоке за некоја од песните од новиот албум „Мелем”!
Фестивалот се одржува oнлајн, има забавен карактер и се одвива во три дела. Фокусиран е на друштвените мрежи, пред се на официјалната Фејзбук фан страна на Калиопи, на Твитер, како и на ЈуТјуб и Инстаграм.
– Во првиот дел, кој што траеше до 25ти јули, по пат на гласање, обожавателите ги одбраа трите песни од албумот “Мелем за кои би сакале да снимат своја караоке интерпретација, а тоа се песните “Мелем”, “Мрвица”, и “Вучица”
– Во вториот дел, кој што ќе трае до 25ти август, трите избрани песни се поставени како караоке верзии на официјалниот ЈуТјуб канал на Калиопи и обожавателите од таму можат да ги превземаат и да ги користат за снимање на своите караоке интерпретации.
– Третиот дел од фестивалот, кој ќе трае од 25.08 до 10.09.2013, се состои од гласање за снимените и испратени видеа, кои ќе бидат поставени за гласање. За најдобрите тројца учесници следат вредни награди:
I награда – викенд на дестинација во Македонија, запознавање и дружење со Калиопи;
II награда – VIP третман, влезници и присуство во Backstage на еден од големите концерти на Калиопи планирани за оваа есен;
III награда – албумот “Мелем” и бројни аксесоари со посвета од Калиопи.
Калиопи – “Мрвица” (караоке)
{youtube}NRiZTka-LRM{/youtube}
Калиопи – “Вучица” (караоке)
{youtube}TcREh-G0r2Q{/youtube}
Калиопи – “Мелем” (караоке)
{youtube}SGmgQJe-slM{/youtube}
За повеќе информации кликнете на следниот линк:
https//www.facebook.com/pages/Kaliopi/11489283394 »