Реклама
Новости

Пријателот на Поповиќ раскажа случка од болницата што ги расплака сите – ова му го кажал пред да почине

Пријателите го испратија Поповиќ со тажни зборови...

Реклама

Креативниот директор и основачот на „Гранд продукција“ денес беше испратен во своето вечно почивалиште.

Комеморацијата беше одржана во 10. часот, а потоа кралот на естрадата беше погребан на гробиштата во Белград.

На комеморацијата еден од говорниците беше и Предраг Павловиќ Баки кој истакна дека Саша го гледал како татко.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Комеморацијата беше завршена по неговиот говор.

Маркетинг

Голем пријател на Поповиќ, но и на неговото семејство беше и Остоја Мијаиловиќ кој исто така имаше потресен говор.

Тој ги откри и неговите последни зборови:

„По хемотерапијата виде еден клавир во болницата и почна да свири. Тогаш, како и секогаш, собра публика околу себе и сите играа покрај него“, изјави Мијаиловиќ, а потоа го додаде и следново.

„Те прашав како си. Ти го подигна прстот кон небото и кажа: ‘Јас одам горе, а на тебе ти оставам да ми ги чуваш Сузана и децата’, а кога те прашав дали имаше нешто да му кажеш, ти ја подигна главата и рече: ‘Да, имам да ви кажам дека многу ве сакам’“, изјави Мијалковиќ за својот драг пријател на неговата комеморација.

На комеморацијата покрај Сузана Јовановиќ, која дојде со ќерката Александра и синот Даниел, имаше и бројни познати личности.

Меѓу нив беше и Александра Пријовиќ која иако е во блажена состојба дојде да го испрати естрадниот маг заедно со својот сопруг.

Еден од најемотивните моменти беше кога Сузана се сретна со својата кума Лепа Брена, по што и двете веднаш заплакаа.

Повеќе за ова тука...

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button