Реклама
Наши ѕвезди

Пријателот на Добрила има 75 години и не излегува од кафеана – таа за него е лек за сите проблеми

Овој Македонец не излегува од кафеана – целиот Балкан зборува за него и неговата 97 г. пријателка

Реклама

Никола Катичиќ од Скопје ги воодушеви сите во „Никогаш не е доцна“ како со својот глас, така и со својот ведар дух.

Тој ќе остане запаметен по неговата изјава дека е опериран од национализам, но и дека живее здрав кафеански живот.

Како што самиот призна во претходниот круг, тој буквално секој ден го минува во кафеана, која според него е најдобриот лек за сите проблеми и престојот во неа, според него, му го продолжува животот.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

На прашањето што значи за него здрав кафеански живот, Македонецот повторно ги воодушеви сите со она што го кажа тогаш.

Маркетинг

„Па да одите секој ден во кафеана. Претпладне 2 часа, попладне 2 часа“, ги насмеа сите во студиото Никола со својот одговор. Тој по 24 години пауза од музиката реши да и се врати и да покаже дека и во осмата деценија не е доцна за да се остварат соништата, а како што вели, во шоуто се пријавил откако го наговорила пријателката Добрила Чабриќ со која се дружи 50 години.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

„Ја сакам таа нејзина позитива, жената има 97 години, некогаш во шега ќе и кажам дека ќе живее 300 години како желките од Галапагос“, се пошегува шармантниот натпреварувач-ветеран од Македонија.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Тој и во вториот круг од шоуто успеа да ги воодушеви сите со својот настап, а ги изненади и со гостинката што дојде со него.

Имено, во емисијата дојде и неговата пријателка Добрила, една од победничките во оваа емисија со која тој се дружи половина век.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Тие до Белград патувале со автомобилот на Добрила, со кој таа тргнала од Дојран, па од Скопје го собрала пријателот и правец – Белград.

„Возеше 130 на час, колку што беше и ограничувањето. Да беше ограничувањето поголемо, таа побрзо ќе возеше. Се крстев на секој половина час“, вели натпреварувачот по својот настап. А Добрила како Добрила и овој пат никого не остави рамнодушен со својата позитивна енергија.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

„За два месеци полнам 97 години, а за три полнам 100. Не знам кае помина сето тоа време и како така брзо“, изјави таа, па додаде:

„Сé е во главата, нема тајни. Живеам еден нормален живот, сé правам, перам, пеглам, чистам возам автомобил, ноќе излегувам, готвам, значи немам време да остареам“, објасни Добрила.

Таа потоа заедно со својот пријател ја изведе песната „Пилето ми пее“ и сите ги воодушевија во студиото.

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:

Во кафеана секој ден, ама умерено

Потсетуваме, Никола Катичиќ е од Скопје, има 75 години и во „Никогаш не е доцна“ се пријави благодарение на Добрила.

„Јас сум од мешан брак, имам четири националности, јас сум Балканец. Детството ми беше многу убаво, затоа што ние бевме деца по војната и сите бевме рамноправни, не се зборуваше кој е кој. Сонував да бидам оперски пејач, но бев на незгодно место. Бања Лука ми беше на 100 километри, Загреб исто така и немав шанси да одам на музичко училиште. Учев во културното уметничко друштво ‘Младост’, 10 години бев солист таму, затоа пеам изворна народна музика, но прво бев забавен пејач. Мирен сум, се сакам, опериран сум од национализам, затоа што доаѓам од мешан брак, пензионер сум веќе 12 години и живеам здрав кафеански живот“ изјави Никола, па додаде:

„Секој ден во кафеана, ама умерено“, откри Никола во претходниот круг, а како звучеше и тогаш, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button