Најдобрата пријателка на Меган Маркл има стил кој не може да остане незабележан
Блиската пријателка на Меган Маркл ни одржа лекција како да носиме црвено од глава до пети
За помалку од месец дена поранешната актерка Меган Маркл и принцот Хари ќе застанат на лудиот камен. Подготовките за свадбата на годината веќе одамна се во тек, а медиумите го следат секој чекор и тоа не само не Меган и Хари, туку и на најблиските луѓе во нивните животи.
Alejandra Alonso Rojas
Па така деновиве во фокусот е и блиската пријателка на Меган, познатата актерка со индиски корени, Пријанка Чопра, која овој пат го привлече вниманието и со својата впечатлива комбинација. Имено, таа носеше црвен костум од „Alejandra Alonso Rojas“ составено од панталони-килоти и длабоко деколтирано сако.
Убавата актерка целото издание го заокружи со црвен капут со етикета од „Vivienne Westwood“ и црвени високи потпетици од „Christian Louboutin“.
Ако ги погледнете и останатите нејзини фотографии сигурни сме дека познатата актерка ќе не изненади пријатно и со облеката што ќе ја носи на свадбата.