Најубавата девојка на забавата по кралската венчавка – Пријанка Чопра во креација од Диор
Пријанка на кралската венчавка беше една од најдобро облечените дами
И додека сите се уште зборуваат за венчаницата што ја носеше војвотката од Сасекс како и за нејзиниот избор од Стела Мекартни за вечерната забава, нам овој пат во фокусот ни е познатата индиска актерка која исто така на церемонијата се појави во две прекрасни изданија.
https://www.instagram.com/p/BjBLrgpBxqf/?utm_source=ig_embed
Таа најпрво носеше фантастичен комплет од Вивиен Вествуд во боја на лаванда додека на вечерната церемонија заблеска како принцеза во совршена креација од Диор.
https://www.instagram.com/p/BjCMkclgaTw/?utm_source=ig_embed
Имано, Пријанка по венчавката во палата се пресоблече во светкав фустан во боја на шампањ од познатата француска модна куќа, а целото издание го зачини со преубава фризура, глам шминка и впечатливи обетки.
https://www.instagram.com/p/BjCTVZUHkM4/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BjA9AiuADuv/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bi99V0og-Uo/?utm_source=ig_embed