Придобивките од јапонското јаболко се големи – еве зошто треба да го консумирате
Сезона е на јапонски јаболка, а тие ви нудат многу користи за кои можеби и не сте слушнале. Јапонското јаболко има ниска количина на калории и масти, а исто така е добар извор и на растителни влакна кои помагаат при варењето на храната.
Богати се со полифеноли – антиоксиданти. Овие состојки помагаат при превенцијата од рак. Имаат и антиинфекциско својство и се добри за имунитетот. Витамин А, бета каротен, ликопен, лутеин и криптоксанин. Овие состојки штитат од штетното дејство на слободните радикали, кои го забрзуваат стареењето, а и се извор на други здравствени проблеми.
Свежите јапонски јаболка содржат минерали како манган, бакар, фосфор и калциум. Овие минерали го подобруваат размножувањето на црвените крвни зрнца. Исто така се и одличен извор на витамин Ц, при што ако редовно ги консумирате ќе си го зајакнете имунитетот и ќе успеете да ги совладате вирусите и настинките кои владеат во зимскиот период.
Јапонското јаболко се препорачува да се јаде свежо, откако ќе омекне. Јаболкото лесно се лупи и се јаде срцевината. Ова овошје може да се користи и за слатко или пита. Во Јапонија го користат како додаток на оризот.