Реклама
Наши ѕвезди

Koja е причината поради која Емина Јаховиќ се разведува од Мустафа Сандал?

Реклама

Откриена вистинската причина поради која Емина и Мустафа решија да стават крај на нивниот десетгодишен брак.

Имено, Мустафа Сандал бил револтиран што Емина Јаховиќ ги учи своите синови Јаман и Јавуз да зборуваат српски јазик. Како што пишува порталот „Хит“ тој полудел кога слушнал дека постариот син Јаман се почесто зборува на мајчиниот јазик, па ја викнал Емина и почнал да се кара со неа.

Маркетинг

 

Маркетинг

„Тој одлепи потполно. И кажа дека нема да дозволи неговите наследници да бидат Срби и наредил да зборува со децата само на турски. Емина му кажала дека не и паѓа на памет да го почитува тоа негово барање и настанал општ хаос. Се испокарале како никогаш и паднале многу тешки зборови“, вели за „Хит“ извор кој е многу близок до семејството. Тој додава и дека на Мустафа му пречело кога неговите деца одат кај нивната баба во Нови Пазар.

https://www.instagram.com/p/Bfsmiinni39/?utm_source=ig_embed

„На Јаман и Јавуз им е преубаво кога се на гости кај нивната баба, а Мустафа сега и забрани на Емина да ги носи тука. Во Нови Пазар кај нивната баба тие имаат многу другари и постојано се надвор и си играат со децата. Не можеш да ги натераш да си дојдат дома. Кога биле минатиот пат, не сакаа да се вратат во Истанбул. Мустафа ги караше кога се вратија дома, а на Емина почна да и префрла дека ги отуѓува децата од него и од неговата земја, и така сé почна“, објаснува пријателот на Емина и Мустафа од Нови Пазар.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button