Нега и здравје

Преживеa рак и стана рекордерка – трчањето беше начин да го излажам умот

Ова е животна приказна за жената што го „претрча“ ракот и стана светска рекордерка.

Advertisement

По двојна масектомија, Британката Луиз Бернадета Бачер не само што го победи ракот на дојка, туку и истрча пет маратони – без маица – со цел да ја подигне свеста за болеста и да инспирира жени ширум светот.

Advertisement

Луиз Бернадета Бачер, позната како „Маратонката без маица“, има една мисија – да ја подигне свеста за ракот на дојка и да ги нормализира лузните од масектомија. Оваа 51-годишна жена од Велика Британија својот прв маратон го истрча само шест недели по отстранување на двете дојки, а минатата година учествуваше и на Лондонскиот маратон.

принтскрин фејсбук

До денес има завршено пет маратони, а трчањето ѝ станало начин на справување со анксиозноста што ја следела со години поради здравствени проблеми.

„Тоа беше единствениот начин да го излажам својот ум и да се уверам дека физички сум добро“, вели Луиз.

Advertisement

Но, токму додека се подготвувала за својот прв маратон, ѝ бил дијагностициран лобуларен карцином на дојка.

Трчање како лек и начин на опстанок

Во изјава за Лондонскиот маратон, таа вели:

принтскрин

„Продолжив да тренирам дури и за време на двете масектомии. Не знаев како поинаку да се справам со таква траума. Трчањето ми помогнало и во минатото – никогаш не ме изневери.“

За Луиз, трчањето без маица стана симбол на слобода, прифаќање и лична победа. Таа не само што се бори за поддршка на преживеаните од рак, туку и за телесна самодоверба кај сите луѓе. На социјалните мрежи отворено го документира својот пат, инспирирајќи илјадници.

„Сега ми е чудно кога носам маица додека трчам! Излегов пред некој ден со маица затоа што беше малку студено, и една жена ме праша: ‘Зошто си облечена?’ Тоа ми стана нормално – луѓето се охрабруваат кога ќе ме видат така.“

Светски рекорд – трчање за надеж

Минатата година, додека трчала на Лондонскиот маратон, собрала 3.500 фунти за фондацијата Breast Cancer Now, а при тоа поставила и Гинисов светски рекорд како најбрза жена со двојна масектомија што истрчала маратон.

„Луѓето плачеа, жени го извикуваа моето име, хирурзи што лекуваат рак ми приоѓаа – беше неверојатно“, раскажува таа.

Подоцна оваа година, Луиз планира да издаде книга со наслов Going Topless („Голиот пат“).

Откако нејзината приказна стана вирална, поддршката на социјалните мрежи не запира.

„Ти си огромна инспирација за жените кои се плашат да прашаат како ќе изгледаат по операцијата“, напишала една жена на Тик ток.

„Морам да се поклонaм пред тебе. Ова е најдобрата работа што сум ја видел на Тик ток“, гласи друг коментар.

Една жена со дијагноза на рак на дојка напиша:

„Утре почнувам со хемотерапија. Твојата приказна ми даде крила. Ти благодарам.“

Денес, Луиз Бачер не е само тркач. Таа е симбол на храброст, прифаќање и телесна слобода – жива инспирација за сите кои се соочуваат со болест, страв или несигурност.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button