MAMAРецепти

Превкусни празнични колачиња кои траат и по една недела (Рецепт)

Advertisement

Празниците се ближат, а нив не можеме да ги замислиме без колачиња. Кога ќе ги направите, направете си кафе по избор и уживајте!

ФОТО: Shutterstock

Потребни состојки:

  • 450 грама брашно
  • 100 грама мелени ореви
  • 2 јајца
  • Кора од 1 лимон
  • Малку цимет
  • 100-120 грама шеќер
  • 150 грама маст
  • 1/2 прашок за пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 лажички џем
  • Прав шеќер за посипување

Начин на подготовка:

Изматете ја маста со шеќерот, додајте ги јајцата, кората од лимон, мелените ореви, малку цимет, брашно со прашок за пециво, сол и ванилин шеќер, па замесете меко тесто. Исукајте го тестото со дебелина од околу половина сантиметар, па со калап вадете кругови кои имаат отвори на средината. Редете ги во сад кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Печете на 190 степени околу 15-20 минути. Потоа вадете округли цели колачиња и нив исто така испечете ги како првите. Кога ќе се изладат, намачкајте ги со џем и соединете ги горниот и долниот дел на колачињата. Уживајте!

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button