Наши ѕвезди

ПРЕУБАВО! Eве како познатиот фолк-пејач и го честиташе родененот на жената што му го украде срцето

Неговата објава ги воодушеви сите

Advertisement

Иако својата поубава половина ретко ја експонира, пејачот овој пат имаше преубава причина да го направи тоа.

Познатиот македонски фолк-пејач Марјан Коцев и неговата сопруга Билјана овој ден имаат посебна причина за славење.

Advertisement

Имено, на неговата сакана денес и е роденден, па Марјан со емотивна објава и го разубави денот.

Фејбук/ Марјан Коцев

Тој сподели нивна заедничка фотографија и со овој романтичен гест покажа колку му значи неговата животна сопатничка.

Неговата објава воодушеви многумина, а па заедно со неговата понежна половина добија бројни позитивни коментари.

Фејбук/ Марјан Коцев

Потсетуваме, Марјан кој важи за еден од омилените наши фолк-пејачи, со Билјана е во брак од 2010 година.

Фејбук/ Марјан Коцев

Тие се запознале на една свадба, а по само една година врска тој ќе ја запроси и запловуваат во брачните води.

Фејбук/ Марјан Коцев

Круна на нивната љубов се нивните деца Дуња и Данило, а Марјан во една пригода ќе го открие неговиот рецепт за среќен брак.

„Секој брак си има успони и падови. Па и нашиот не е идеален но наоѓаме компромис, разговараме, дискутираме на крај ги решаваме проблемите. Така да кога ќе се најдат вистинските вредности во животот и ќе го согледате се она околу вас што ве опкружува и кога ќе има толеранција со партнерот (од двете страни) кога ќе бидете трпеливи, и татко и домаќин и шофер (ха ха) има хармонија во фамилијата. А најголем магнет се децата! Главна карика во секоја фамилија! Имам голема поддршка од сопругата и доста ми помага во мојата кариера“, изјви Марјан во една пригода за Гламур.

Целото интервју со него прочитајте го тука >> .

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button