Преубавата велешанка денес слави роденден – да се потсетиме и како изгледала пред 30 години
Ноне и денес привлекува внимание со својот шарм и убавина, а ние одлучивме да се потсетиме и како изгледаше некогаш, на самиот почеток од нејзината кариера,

„Благословена сум што посетив 75 земји“, напиша Ноне
Поранешната пејачка Ноне Неделковска го прослави својот 39 роденден и ги изненади сите со неколку фотографии.
Таа својот роденден го прослави далеку од дома, но се пофали и со честитките што ги доби од своите драги колеги.
Инстаграм/ Ноне Неделковска
И како што самата напиша под фотографиите што ги сподели, таа е пресреќна што во животот имала можност да посети преку 75 земји, и тоа најпрво како пејачка, а потоа и со работата на брод.
И како што напиша во објавата, токму оваа одлука во нејзиниот живот, да работи на брод е најдобрата нешто што и се случило.
Инстаграм/ Ноне Неделковска
„Светот ми даде повеќе од само знаменитости – ми даде лекции, перспективи и подлабока љубов кон луѓето насекаде. Ниту една фотографија или видео не може да ги долови емоциите од тоа што го видов со свои очи“, пишува Ноне во својата објава на Инстаграм, па го додаде и следново:
„Патувањето ме трансформираше, го обликуваше начинот на кој го гледам животот и ме направи подобра личност. Останатите агли на светот, сонувам да ги истражам со мојата посилна половина (следува емотикон со срценце, н.з.) и, ако Бог даде, со моите деца“, додаде Ноне.
Инстаграм/ Ноне Неделковска
„За авантурите зад мене и за оние што сè уште ме чекаат“, напиша Ноне во описот на фотографиите што ги сподели.
Инстаграм/ Ноне Неделковска
Потсетуваме, Ноне од мали нозе другаруваше со музиката, а долго време беше една од најбараните пејачки во Македонија.
Инстаграм/ Ноне Неделковска
Таа својата кариера ја започна многу мала, натпреварувајќи се на „Златно славејче“, во далечната 1995 година.
Принтскрин/ Јутуб
Ноне тогаш имаше само девет години, а нејзината песничка „Каубои смели“ се уште е хит меѓу најмладите генерации.
Потоа кога порасна, кариерата ја продолжи со учеството во „Музики идол“ кога го освои второто место и ги освои сите.
Следуваа настапи на значајни фестивали, освоени награди и бројни хитови, се додека во еден момент од животот не реши да направи промена, па замина да работи на прекуокеански крузер и да патува низ светот.
Инстаграм/ Ноне Неделковска
Ноне денес е активна на социјалните мрежи и на овој начин е во контакт и со своите бројни фанови од Македонија.
Инстаграм/ Ноне Неделковска
Таа и денес плени со својот шарм и убавина, за што сведочат и овие нејзини фотографии што ги сподели за роденденот.
И токму на овој ден решивме да се потсетиме и на тоа како таа изгледаше и како мала, на самиот почеток од кариерата.
Пошироката јавност ја запозна со учеството во Музички идол, кога го освои високото второ место.
Како изгледаше и тогаш, потсетете се тука…