Наши ѕвезди

Преубав ден во топлиот дом на Влатко Миладиноски – пристигнуваат честитки од сите страни (фото)

Познатиот пејач сподели убава вест на овој посебен ден

Advertisement

На познатиот пејач преку цел ден му пристигнуваат честитки

Нашиот познат фолк-пејач Влатко Миладиноски денес слави роденден, а на Фејсбук сподели уште една преубава вест.

Advertisement

Шармантниот пејач е роден на 28 мај 1986 година и полни 39 години, па на овој посебен ден репи да ги изненади и своите фанови.

Фејсбук/ Влатко Миладиноски

Имено, Влатко откри дека покрај концертот во Скопје ќе следува и концерт во Охрид и тоа во Античкиот театар.

„На овој убав ден би сакал да споделам една убава информација со сите вас. После нашиот концерт на 12 јуни, кој ќе се одржи во Опера и балет во Скопје,следува нов концерт кој ке се одржи на 7 Август во Охрид! Прв фолк концерт на Антички театар. Во организација на #Balkan Media Production“, напиша Влатко на социјалните мрежи.

Фејсбук/ Влатко Миладиноски

Потсетуваме, популарниот Влатко Миладиноски покрај својата успешна музичка кариера на која е мошне горд и која што ја гради без ниту еден скандал, тој никогаш не криел дека најмногу се гордее и со она што му е најмило, а тоа секако е семејството.

Тој речиси десет години е во брак со Кристина, а круна на нивната голема љубов се нивните две ќерки, Илина и Андреа.

Фејсбук/ Влатко Миладиноски

И како што самиот откри во една пригода за Гламур магазин, Влатко со сопругата се трудат децата да ги воспитаат патријахално, но и со љубов кон Македонија и кон сé што е македонско.

Принтскрин/ Јутуб

Тие заедно по дома слушаат македонска музика, како неговите песни, така и на неговите колеги и колешки, и како што вели, за него отсекогаш најважно било домашното воспитување.

Целото интервју со Влатко прочитајте го тука.

Бонус видео

Влатко и „Ај да ојме Јано“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button