Се ближи Велигден, еден од најрадосните христијански празници, идеален за да внесете дополнителна среќа во вашиот дом. Па, ви издвојуваме неколку идеи со чијашто помош овој празник можете да го направите поинтересен и позабавен, па весело да го поминете со вашите најмили и најсакани.
Венец за врата
Направете да се почувствува празничната магија уште од влезот на вашиот дом. Овој венец можете да го направите со пластични јајца, машничка и цвеќе. Пролетта е идеално време за да пронајдете шарени работи во природата, па затоа уште веднаш впуштете се на работа!
Зајачиња на сите страни
Направете декорации од шарена хартија или картон. Исечете зајачиња и закачете ги на конец кој можете да го поставите на некој ѕид, прозорец или пак да декорирате некоја полица.
Украсни салфети
Доколку сте вешти во правење уметнички дела од салфети, впуштете се на работа! Малите зајачиња во чинијата се нешто што ќе го стопли сечие срце.
Декорирани билки
Вазните и саксиите во вашиот дом можете да ги дополните со пластични јајца или зајачиња. Вашите деца сигурно ќе бидат воодушевени.
Јајца на дрво
Многу деца се прашуваат дали јајцата растат на дрво?