Дали сакате полни усни, поубава кожа или потенок нос? Со советите од професионалните шминкери научете како своите мани да ги претворите во доблести!
Покрупни очи
Ефектот на покрупни очи најдобро се постигнва со моливче за очи, но сепак прескокнете ја црната и изберете моливче во некоја боја, со цел да ја дефинирате горната линија на вашите трепки. Ако плава и зелена не се по ваш вкус, тогаш задолжително послужете се со сива, со која нема да погрешите. Во внатрешниот дел на аглите на очите нанесете бела сенка, а задолжително извиткајте ги и трепките, така што речиси ќе ви дојдат до веѓите, при што со ова повеќе ќе ги отворите вашите очи.
Полни усни
Намачкајте безбоен балсам со благ сјај на пределот помеѓу носот и линијата на горната уста. Со додавањето светло на ова подрачје се создава илузија на пополни усни. Потоа ставете хидратантен кармин кој во себе содржи висок сјај. Избегнвувајте мат кармини кои не придонесуваат за визуелно пополнување на усните.
Совршена кожа
Прекријте ги акните со коректор со четка, така што ќе го нанесувате со кратки и брзи движења. Се прашувате зошто со четка? Влакната на четката ефикасно ќе ги пополнат ситните дупчиња, а тоа нема да го постигнете доколку нанесувате коректор со вашите прсти. Откако ќе го напраивте ова, изедначете го вашиот тен со пудра која ви одговара.
Потенок нос
Големиот или широк нос можете да го направите потенок со само два потега: Нанесете ја вообичаената пудра на носот, а потоа преку средината повлечете посветла права линија до долу, па вратете се наназад. Кога ќе го направите ова, на целото лице нанесете пудра која нема да ви го наруши целокупниот изглед.