Веќе некое време се сомневате дека вашиот партнер има некоја друга од страна…Ние, девојките од Stipka.com.mk мислиме на вас и ви претставуваме шест знаци кои тој ги прави, а по кои можете да го откриете дали ве влече за нос…
Мислите дека партнерот нешто сокрива од вас? Дали сте загрижена дека ве изневерува? Ви раскажува приказни дека е нешто кое што тој всушност не е? Се прашувате како да ја извлечете вистината од него, било да станува збор за нов партнер, за кој што се сомневате дека има мистериозно минатo; или за долгогодишен партнер, затоа што се сомневате дека е неверен? Ова се шест сигурни знаци дека ве лаже…
Невербални знаци
Телото скоро никогаш не лаже, а дури 93% од комуиникацијата е невербална! Затоа, ако тој не ве гледа во очи, постојано си го допира лицето (најчесто носот) или пак се обидува да контролира нервозни трикови, знајте дека нешто крие.
На жалост, не можете да го споите на детектор за лаги, но затоа можете да направите свој: послушајте му ги отчукувањата на срцето. Доколку сокрива нешто, отчукувањата ќе му бидат забрзани, а пулсот можете да му го „слушнете“ на вратот. Исто така е можно и да се поти повеќе од нормално.
Постојано је менува приказната
Ова се посебно однесува на оние кои започнуваат нов однос. Кога ви раскажува за своето детство или младост, дали сите приказни се исти? Некои ги учат на памет, но ако ги запрашате да ви раскажат интересни детали, тогаш мораат да импровизираат. Ако мислите дека ви ја нема раскажано целата ’вистина‘, обидете се на овој начин: кога ќе се најдете во друштво со пријателите, натерајте го некоја приказна која вие ја знаете да ја раскаже уште еднаш – а вие обратете внимание на текот на приказната и понатаму…
Се чувствува непријатно и започнува кавга од ведро небо
Според терапевтот Jane Greer, причина поради која тој станува вулгарен и навредлив е таа, да се обиде да ве оттргне од вистинската трага. Вие барате однесување кое отстапува од нормалното, а тој е постојано спремен за да се кара (но на македонски, не српски!). Но ова во никој случај не треба да биде знак дека лаже, на овој начин се обидува да ве наведе на погрешен траг.
Се однесува претерано љубезно
’Гревовите‘ може да ги компензираат со тоа што стануваат претерано љубезни и осетливи, ви донесува поклони и прави сé што ќе посакате вие. Ова е само еден (но сигурен) начин на однесување после ’престап‘. Но не прифаќајте го тоа, затоа што поклоните, цвеќињата и накитот никако не може да бидат методи за ’искупување‘.
Се однесува различно
Сексуалниот терапевт Maria Merloni советува да обратете внимание на промената на секојдневните навики. Ако одеднаш почне да излегува навечер или преку викендите и се дружи со ’пријателите‘, а претходно ги нема видено многу време, или пак станува параноично опседнат со телефонот кој го носи дури и во бањата – тоа е знак за тревога!
Доста молк, нека зборува!
Се сомневате дека ве изневерува, значи дека меѓу вас ја снемало довербата. Претурањето по неговите работи може да ја направи ситуацијата уште потешка, а партнерите поради тоа може во целост да престанат да си веруваат меѓусебно. Наместо тоа, директно и во фаца кажете му дека ви е сомнителен и дека сте дошле дури во искушение да му го проверите мобилниот, но дека подраго ќе ви биде некое разумно објаснување од него лично!