Вишокот масти на стомакот претставува проблем за многумина и од истиот не можат да се ослободат со години. Покрај другото, ова покажува и дека имате недостатокот од еден витамин кој е неопходен за добро здравје.
Имено, едно истражување спроведено во универзитетот во Амстердам докажало дека личностите со вишок килограми и преголема количина на масно ткиво на стомакот имаат недостаток од витамин Д! Едни поранешни истражувања, пак, докажале дека витаминот Д го намалува ризикот од појава на болести како што се артритис, астма и дијабетес тип 1, благодарејќи на неговото противвоспалително својство, како и својството на зајакнување на имунитетот.
Витаминот Д делува така што го поттикнува производството на азотна киселина која е важна за регулирање на крвотекот и спречува создавање на крвни грутки.
Исто така го намалува и внатрешниот стрес во кардиоваскуларниот систем, што делува поволно и за срцето.