CelebrityНаши ѕвезди

Прекрасни вести за Хелена Роза – Ќерка ѝ Кјара има голем повод за славење (Фото)

Advertisement

Убави вести пристигнуваат од Нов Зеланд – Кјара Гоља, ќерката на поранешната македонска водителка Хелена Роза, официјално станала адвокат, продолжувајќи по професионалните стапки на својот татко, Арбен Гоља.

Гордиот момент прв го сподели нејзината баба, Роза Катиновска, која на социјалните мрежи објави фотографија од Кјара, придружена со емотивна порака.

Advertisement

„Мојата адвокатка. И оваа радост ја доживеав“, напиша Катиновска на Фејсбук, добивајќи бројни честитки и поддршка.

Фото: Скриншот/Фејсбук

Хелена Роза веќе една деценија живее во Нов Зеланд, каде што оваа година се кандидираше за градоначалничка на општината Норт Шор, дел од Окленд. Таа е членка на конзервативно-либералната партија АКТ, предводена од вицепремиерот Дејвид Сејмур.

Во текот на кампањата, Хелена сподели дека пешачела повеќе од 80 километри, тропнала на околу 3.400 врати и разговарала лично со над 6.000 жители.

„Секој чекор, секоја насмевка, секоја приказна – сè ми значеше сè“, напиша таа на Фејсбук.

Поранешната водителка живее во Окленд заедно со сопругот Игор, синот Тиан и внуката Кјара, која со својот нов професионален успех внесе дополнителна радост во семејството.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button