Прекрасна комбинација! Модната дизајнерка ќе ве изненади со тоа колку е стара облеката што ја носи

Кој вели дека модните дизајнери носат само нова облека и трендовски парчиња, греши! Умешноста во разбирањето на модата е пред се во способноста да комбинираш парчиња макар и стари неколку години, да умееш да одбереш квалитетен материјал кој ќе трае и безвремнска облека лесна за адаптирање низ времето.
Таков еден одличен пример ни дава прекрасната модна дијзајнерка Маја Кикириткова.

Штипјанката ужива на море во Хрватска и објави прекрасни фотографвии од таму при тоа покажувајќи ја совршената комбинација од широки бели панталони и интересна кошула со отворени раменици кои ги сошила таа.

Тоа не е некое изнендување бидејќи знаеме дека Кикириткова содава преубави модни линии. Но нема да ви се верува дека парчињата се стари дури осум години.
Outfit стар 8 години 🫣
Овие панталони и оваа кошула ги правев кога бев бремена со Лазар. Е токму поради тоа квалитетот и материјалот на облеката ми се многу битни. Ретко купувам трендовска облека, облека немам многу, ја комбинирам на различни начини и после толку многу години изгледа различно и модерно. Облека имам и од мајка ми, која сеуште е како нова и ја носам – напиша таа на објавата.Advertisement

Аплауз за ова и добро е да се иснпирираме од оваа порака. Со ваквото размислувње ќе го намалиме и отпадот од облека кој е еден до најголемите загадувачи во светот.
Еве уште неколку убави комбинации од Маја.


