Реклама
Секс

Време е да ја прекинете врската која што ве труе

Реклама

Доколку мислевте дека сите врски остануваат засекогаш, и самите знаете дека тоа ви многу погрешна замисла. Животот не е сладок каков што го замислуваме секогаш и понекогаш луѓето едноставно се разделуваат едни од други и што е најинтересно – тоа често може да биде најдоброто решение и за двајцата партнери.

Лошите врски можат да ви остават горки впечатоци до крајот на животот, но и да ве спречат да оформите некоја нова и подобра врска. Затоа најдобро е да не дозволувате да ви се случи тоа. Соберете сила и храброст и прекинете ја лошата врска. Откако ќе поминете некое време во болка и тага, ќе сфатите дека сте го направиле најдобриот чекор, како за вас, така и за вашиот партнер.

Маркетинг

Доколку сте во лоша љубовна врска немате потреба да чекате вашиот партнер да ве остави. Направете го самите тој чекор и напуштите ја врската која што ве труе. Еве неколку начина како да го направите тоа и како полесно да го пребродите таквиот период:

Прогласете крај

Маркетинг

Постојано се карате и веќе неколку пати си кажавте еден на друг дека нема смисла да продолжите со таквиот однос. Можеби дури и сте раскинале, но по неколку дена решивте да ја преиспитате вашата одлука и повторно му се вративте во прегратките. Но, време е да завршите со ова мачење. Еднаш кога ќе ги спакувате своите торби, решите ги сите ваши заеднички сметки и врнете му ги клучевите од вашиот заеднички стан. Кажете му Збогум и излезете од станот. Доколку не го направите ова и не останете доследни на вашите одлуки, вашата тегоба само ќе продолжи и тоа воопшто нема да биде во ваш интерес.

Дајте му до знаење во што греши

Постојат повеќе начини вашиот партнер да погрешил пред вас. Можеби е премногу нежен или пак премногу груб и агресивен, па нема со леснотија да ве пушти да си заминете. Во ваков случај морате да ги решите проблемите во четири очи – запишете ги сите недоразбирања на лист хартија, сите убавини и слабости на вашата врска. Побарајте ги логичните заклучоци и сите причини поради кои не си одговарате. Нагласете ги јасно тие детали и порано или подоцна ќе сфати дека мора да ве напушти.

Побарајте помош
 

Доколку сте во врска со агресивен тип, не двоеумете се да побарате помош од полиција. Не треба да бидете во врска со него само затоа бидејќи ви е страв да му раскинете. Престанете да бидете жртва и завршете ја веќе еднаш таквата врска.

Посоветувајте се со вашите најблиски

Доколку сте во „шашава“ врска, можеби е најдобро да се посоветувате со вашите најблиски. Нивната помош е подобра од било каква друга помош, тие ќе застанат на ваша страна и ќе се обидат да ви помогнат да го пребродите проблемите.
Ова се однесува и за вашите родители.

Појдете на терапија

Доколку проблемот не е поради насилство помеѓу вас и вашиот партнер, туку имате проблем да се разделите, иако знаете дека тоа е единствениот прав начин, тогаш побарајте помош од некој стручен советник. Терапијата ќе ви помогне многу полесно да се гледате како сосема обични луѓе кои и не мора повеќе да се во врска. Така вие ќе можете да водите индивидуални животи без лошите љубовни проблеми кои постојано ви висат над главата.

Извор: MagForWomen, нет.хр/ Штипка

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button