Причина повеќе за почести прегратки: Прегрнувањето на блиските личности го намалува стресот
Прегрнувањето на саканите личности го поттикнува лачењето на хормонот окситоцин, поврзан со социјалното однесување и блискоста на родителите и децата или брачните партнери.
Прегрнувањето на саканите личности го поттикнува лачењето на хормонот окситоцин, поврзан со социјалното однесување и блискоста на родителите и децата или брачните партнери. Тој го намалува крвниот притисок, стресот и потешкотиите,а дури може и да го подобри паметењето. Но, австриските експерти предупредуваат дека прегрнувањето личности кои не ги познавате добро може да има спротивен ефект затоа што го зголемува стресот и лачењето на хормонот кортизол.
Недоверлива и љубопитна – љубовни комбинации со жена Рак >>
Научниците утврдиле дека нивото на окситоцин е зголемено кај жените после породувањето и во текот на доењето, при што се зајакнуваат врските помеѓу мајката и новороденчето.