Хороскоп

Предвидувањата на Тесла – што ќе ни се случи до 2023 година?

Никола Тесла не бил само иноватор, туку вистински визионер чиј поглед кон иднината ги поставил темелите на денешниот свет. Неговите зборови и понатаму инспирираат научници, инженери и мислители низ целиот свет, покажувајќи како еден генијалец може да гледа далеку пред своето време.

Advertisement

Никола Тесла, еден од најголемите умови на 20. век, не бил само пронаоѓач, туку и неверојатно прецизен визионер. Веќе во првите децении на минатиот век, во своите предавања и интервјуа, Тесла предвидел бројни новини што денес ја обликуваат нашата секојдневица. Од паметни уреди и масовна комуникација, до безжичен пренос на енергија и општествени промени – неговите идеи и денес восхитуваат со својата далекувидост.

Паметни уреди и масовна комуникација

Уште во 1926 година, Тесла зборувал за можноста луѓето да комуницираат преку мали уреди, способни да пренесуваат слики и звук на големи далечини.

Advertisement

„Преку телевизија и телефонија ќе се гледаме и слушаме совршено, како да сме лице в лице, иако сме илјадници километри оддалечени… Човек ќе може да носи таков уред во џебот од елекот“, рекол Тесла. Во време кога комуникацијата била ограничена на телеграф и фиксна телефонија, оваа изјава звучела неверојатно футуристички.

Еколошка свест пред своето време

Во 1935 година, Тесла ја предвидел потребата од институционализирана заштита на животната средина. Зборувал за загадувањето како предизвик што на идните генерации ќе им изгледа незамислив:

„Загадувањето на нашите плажи, какво што денес има околу Њујорк, на нашите деца и внуци ќе им изгледа незамисливо, исто како што на нас ни изгледа животот без вода од чешма.“

Advertisement

Оваа негова визија се оствари во 1970 година со основањето на Американската агенција за заштита на животната средина (EPA).

Знаењето над војната

Тесла верувал дека идните генерации повеќе ќе го ценат знаењето и научниот напредок отколку воените победи:

„Попрославено ќе биде да се бориш против незнаењето отколку да загинеш на бојно поле. Откривање нови научни вистини ќе биде поважно од кавгите меѓу дипломати“, рекол тој во 1935 година, промовирајќи визија за свет во кој образованието и истражувањето се приоритети.

Подемот на женскиот интелект и ново општество

Едно од неговите најинтригантни предвидувања се однесувало на општествената улога на жената. Веќе во 1926 година Тесла тврдел дека жените ќе добијат супериорност во образованието и науката:

„Оваа борба на жената за рамноправност ќе заврши со нов полов поредок – со жената како супериорна.“
Неговите зборови биле далеку пред времето, предвидувајќи промени кои започнаа децении подоцна.

Автоматизација и роботи

Тесла бил меѓу првите мислители кои сериозно ја разгледувале можноста за роботи и автоматизација:

„Решението на нашите проблеми не е во уништување, туку во совладување на машината… Безброј активности што сè уште ги вршат човечки раце ќе ги извршуваат автомати… Во дваесет и првиот век роботот ќе го замени ропскиот труд“, предвидел тој во 1935 година.

Денес, со развојот на вештачката интелигенција и роботиката, овие зборови звучат пророчки.

пекселс принтскрин

Летачки машини и глобално разбирање

Тесла предвидел и развој на летачки автомобили кои нема да користат гориво, што може да доведе до подобро меѓународно разбирање и соработка:

„Технолошките достигнувања ќе бидат политички ефективни со усогласување на меѓународните интереси; ќе создадат разбирање наместо разлики“, рекол тој во 1926 година, навестувајќи дека технологијата може да придонесе за мир.

пекселс принтскрин

Безжичен пренос на информации – дигитален свет

Додека во негово време вестите пристигнувале исклучиво преку печатот, Тесла си замислувал свет каде информациите ќе се пренесуваат безжично, директно во нашите домови:

„Ќе можеме да присуствуваме и да слушаме настани – инаугурација на претседател, земјотреси или воени битки – како да сме присутни“, рекол уште во 1926 година.

Визија за безжична енергија

Друг аспект од неговите предвидувања бил концептот на безжичен пренос на енергија:

„Кога безжичниот пренос на енергија ќе стане комерцијален, транспортот и дистрибуцијата ќе бидат револуционизирани. Веќе се пренесуваат филмови безжично на кратки растојанија. Подоцна, растојанието ќе биде неограничено.“

Оваа визија и денес инспирира истражувања во областа на безжично полнење и пренос на енергија.

пекселс принтскрин

Читање мисли: граница меѓу наука и филозофија

Во 1933 година, Тесла изнел теорија според која сликите од човечкиот ум би можеле да се проектираат и анализираат:

„Објектите кои човекот ги замислува, јасно ќе се рефлектираат на екран додека се формираат, и така ќе може да се чита секоја мисла на поединецот. Нашите умови навистина ќе бидат како отворени книги.“

Иако оваа идеја сè уште е во доменот на футуризмот, современата неуротехнологија веќе ги истражува тие можности.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button