NEWSВести

Предупредување за македонците во Германија: Бројот на заразени од корона повторно расте

Advertisement

Во Германија повторно расте бројот на заразени со коронавирус. Според Институтот „Роберт Кох“, во 37-та недела од 2025 година се регистрирани 2.396 нови случаи, што е повеќе од претходната недела (2.153). Трендот на пораст трае од крајот на август и најверојатно ќе продолжи до крајот на септември.

Главна причина е новата варијанта XFG, наречена „Stratus“, која е присутна во 84 проценти од анализираните примероци. СЗО ја смета за позаразна од претходните соеви, но нема докази дека предизвикува потешки форми. Во игра се и други сезонски вируси, како риновирусите и параинфлуенцата.

Advertisement

Лекарот Кристоф Шпехт вели дека развојот е очекуван: „Коронавирусот останува со нас, но ситуацијата не е споредлива со првите години. Имунитетот е посилен, симптомите се најчесто благи – болно грло, засипнатост, настинка“.

Иако здравствениот систем засега не е под притисок, експертите предупредуваат дека може да дојде до оптоварување доколку грипот, RSV и COVID-19 се совпаднат. Препорачлива е претпазливост, особено за ризичните групи.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button