Реклама
MAMAРецепти

Предлог ручек: Вегетаријанска мусака од тиквички (Рецепт)

Реклама

Што да правите денес за ручек? Излезете од рутината и пробајте еден поинаков рецепт. Еве го нашиот денешен предлог.

Потребни состојки:

  • 1 килограм млади тиквички
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 150 грама варен интегрален ориз
  • 2 јајца
  • 200 милилитри павлака
  • 2-3 лажици магдонос
  • 2 чешниња лук
  • 100 грама рендано сирење

Начин на подготовка: Измијте ги и излупете ги тиквичките, па исечете ги на кругови. Ставете им сол и оставете ги да постојат така што ќе пуштат вода, па потоа измијте ги под млаз ладна вода. Сварете го оризот и исцедете го од вода. Во огноотпорен сад ставете малку масло, потоа ред тиквички, преку нив зеленчук, па магдонос и рендано сирење, па повторно тиквички и остатокот зеленчукот, магдонос и изрендано сирење. На крајот завршете со тиквички. Печете во рерна околу 20 минути, на 180 степени. Изматете ги јајцата, додајте павлака и малку магдонос, па со тоа прелијте ја мусаката. Одозгора ставете и малку вагета, па вратете ја во рерна да се запече уште 5 минути. Пријатен апетит!

 

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button