Што да правите денес за ручек? Излезете од рутината и пробајте еден поинаков рецепт. Еве го нашиот денешен предлог.
Потребни состојки:
- 1 килограм млади тиквички
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 150 грама варен интегрален ориз
- 2 јајца
- 200 милилитри павлака
- 2-3 лажици магдонос
- 2 чешниња лук
- 100 грама рендано сирење
Начин на подготовка: Измијте ги и излупете ги тиквичките, па исечете ги на кругови. Ставете им сол и оставете ги да постојат така што ќе пуштат вода, па потоа измијте ги под млаз ладна вода. Сварете го оризот и исцедете го од вода. Во огноотпорен сад ставете малку масло, потоа ред тиквички, преку нив зеленчук, па магдонос и рендано сирење, па повторно тиквички и остатокот зеленчукот, магдонос и изрендано сирење. На крајот завршете со тиквички. Печете во рерна околу 20 минути, на 180 степени. Изматете ги јајцата, додајте павлака и малку магдонос, па со тоа прелијте ја мусаката. Одозгора ставете и малку вагета, па вратете ја во рерна да се запече уште 5 минути. Пријатен апетит!