Предлог новогодишни подароци по одлични цени – прошетавме за вас! (ВИДЕО)
Ова се однесува и на мажите кои го читаат ова. Верувајте, доколку и купите било кој од овие новогодишни козметички пакетчиња на вашата понежна половина ќе ја израдувате до бескрај!
Се наближуваат божиќните празници, покрај пакетчињата за децата, ние сме нација која сака да подарува, па не ретко подготвуваме симболични подароци околку Нова Година за нашата мајка, сестра, колешка, другарка…
Бевме во посета на една од дрогериите на dm. И сите сме согласни дека од таму со празни раце не се излегува, нели? Откако ги наполнивме торбите со козметика, нови прозиводи кои имаа одлични цени го посетивме и штандот наменет за подароци.
Продавницата беше преполна со купувачи како и секогаш. Најмногу гужва забележавме во делот на декоративна козметика.
Essence како магнет ги привлекува сите со своите пристапни цени, но од неодмана му парира и брендот Catrice кој исто така одлично се покажа со квалитетот и прифатливите цени.
Знаете, кога некој ќе ве покани во последен момент на роденден dm е место за спас! Зошто? Имаат убаво спакувани прекрасни пакети за подарок.
Сега доминираат оние за Божиќ и Нова Година, многу интересни амбалажи, убаво селектирани производи како лосион и тоалетна вода, креми, декоративни производи…
Ќе ве израдува и податокот дека не е скапо, имаат пристапни цени.
Козметичките пакетчиња на популарниот бренд Balea се движат од 299 денари до 800 денари, а за околу 1000 денари можете да најдете многу убав богат подарок.
Забележавме и со видео за да ви доловиме и да ви дадеме неколку предлози за тоа како да ги израдувате вешите драги личности.
Ова се однесува и на мажите кои го читаат ова. Верувајте, доколку и купите било кој од овие новогодишни козметички пакетчиња на вашата понежна половина ќе ја израдувате до бескрај!
Среќно во потрагата, се надеваме дека помогнавме и ви заштедивме време.