Искористете ги богатите плодови кои ни ги дава есента и дојдете до посакуваната тежнина со оваа есенска диета.
Ако ја почитувате истата 7 дена, можете да ослабнете и до 5 килограми. Еве предлог мени кој може да ви користи, а од особена важност е да пиете големо количество вода преку целиот ден.
Понеделник
3 чашки кисело млеко, поделени на пет оброци, 300 г зеленчук по избор, 2-3 маслинки, 1 лажиче јаболков оцет, кафе без шеќер и многу вода.
Вторник
500 грама пилешко/телешко месо, можете да го варите или да го печете, и истото поделено на 5 оброци во текот на денот, салата од домати, пиперки, моркови и друг зеленчук по избор, големо количество на вода преку целиот ден.
Среда
1 килограм овошје поделено во 5 оброци, кафе или чај незасладени, вода (ако почувствувате глад исто пробајте да го елиминирате со вода). Овој ден е дозволено да каснете 1 парче интегрален леб со малку јогурт или урда со ниска масленост.
Четврток
5 тврдо варени јајца и истите распределени на 5 оброци, голема салата од зеленчук по избор, 1 лажиче јаболков оцет, кафе без шеќер, големо количесто вода преку целиот ден.
Петок
2 килограми зеленчук кој ќе го поделите во 5 оброци во текот на денот, 50 грама ситење, кафе без шеќер, многу вода.
Сабота
500 г печена риба со лимон и голема салата распределени на 5 оброци, 1 лажиче јаболков оцет или 1 чаша бело вино, кафе без шеќер, големо количество на вода преку целиот ден.
Недела
Наутро 1 чашка кисело млеко, потоа за ужина 1 тврдо варено јајце, за ручек 200 грама печено или варено пилешко месо, зеленчукова салата, 1 чаша бело вино, потоа за ужина неколку сливи, и за вечера (до 19:00 часот) кашкавал и салата од зеленчук