Наши ѕвезди

Пред пет месеци стана мајка, се породи со царски рез – погледнете како изгледа сега Едина Муса

Под секоја нејзина објава следуваат бројни комплименти

Advertisement

Оваа мама им е инспирација на многу дами

Поранешната кошаркарка и фитнес инструкторка Едина Муса а 19 февруари оваа година го роди синот Максим.

Advertisement

Нејзиниот син што го доби со сопругот Александар Димитровски – Мачка деновиве наполни пет месеци, а згодната мама не престанува да ги изненадува своите следбеници со фотографиите што ги објавува.

Инстаграм/ Едина Муса

Таа своето тело го доведе до совршенство и пет месеци по пордувањето изгледа како и пред да остане во блажена состојба.

Advertisement

Едина деновиве позираше и во теретана и покажа како први вежби, но објави и фотка на која позираше во фустан.

Инстаграм/ Едина Муса

Потсетуваме, Едина и за време на бременоста беше мошне активна, а самата откри дека се породила со царски рез.

Инстаграм/ Едина Муса

И како што самата сподели тогаш, тоа било итен царски рез, не по нејзина желба, туку затоа што плодовата вода била заматена.

„Во таа плодова вода бебето не смее да седи долго и затоа мораше со итен царски рез да се породам, немаше време да се чека природно, ниту пак да се пробува со провокации да се забрза процесот. Затоа мораше царски и искрено не знам како некои мајки се одлучуваат така по своја волја да се породат царски, затоа што за мене тоа беше една од најголемите болки во животот, физичка болка што сум ја осетила, после пораѓај. И плус целиот тој процес на закрепнување е далеку поболен и подолг од оние кои се породиле природно“, напиша тогаш познатата мама на својот профил на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Едина Муса

Но и покрај тоа што се породи на ваков начин и што тоа за неа беше едно од најболните искуства во животот, Едина за брзо време успеа да се врати во форма и да продолжи со вежбањето.

Инстаграм/ Едина Муса

Таа денес изгледа како никогаш и да не била бремена, а нејзините објави откриваат како ужива во мајчинството.

Некои од нив погледнете во продолжение:

Инстаграм/ Едина Муса

Инстаграм/ Едина Муса

Инстаграм/ Едина Муса

Инстаграм/ Едина Муса

Инстаграм/ Едина Муса

Инстаграм/ Едина Муса

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button