Останав во својата земја затоа што не сакав моите деца да зборуваат германски јазик. Можев да одам, половина од моето семејство е таму, а половина тука.
Одев со години, на размилни места, и ја барав најубавата земја. Малку ми фалеше да се преселам, но сепак, сакав да пробам овде, со сите сили, ако не успеам, тогаш ќе заминам. Не заминав.
Јас сум дел од оние кои ги нарекуваат „изгубена генерација“. Кога беше наше време да основа семејство, да започнуваме фирми, да освојуваме медали, да правиме деца, да патуваме, да цветаме, тогаш почнаа војните кои траеја цела една декада. Цветањето е одложено. Повеќето цвеќиња никогаш не процветаа, можеби повенаа, а некој процветал онаму каде што ретко некој цвета.
Можеби нема да имате прилика да отидете на запад во мера колку што бев јас, можеби ќе бидете зафатени со работа и враќање камати, можеби децата ќе ви бидат на училиште кога ќе сфатите некои работи…
Кога некој заминува во Европа, секогаш се воодушевува од тоа како функционира системот и колку се љубезни луѓето. Ќе ви требаат години за да сфатите дека таа насмевка е задолжителна, а околината е преполна со стресови. Да се разбереме, и јас обожавам да патувам. Ја сакам Европа, поминав доста земји, сакам да учам нови јазици, да одам по музеи и да уживам во ресторани. Но, да се биде турист и да се биде гастербајтер се два различни поими. Јас одам на неколку недели, имам пари и слободно време. Сите се љубезни и животот е убав. Сосема е друго кога ќе трнете да барате работно место, кога децата ќе ви тргнат во училиште, кога ќе земете кредит, кога ќе работите две работи…