Празничната магија во домот на Панчеви – ѕирнете во раскошната куќа на македонската фудбалска легенда
Целиот дом зрачи со топлина иљубов

Еден детаљ од празничната магија во домот на познатиот пар
Пејачката Маја Гроздановска Панчева деновиве откри дека празничниот новогодишен дух пристигнал и во нејзиниот дом.
Таа покажа како ја украсила својата голема елка, а ова е една од ретките прилики да сподели интимни детали од нејзиниот дом.
Но Маја очигледно не можеше да одолее на среќата и задоволството што го имала по успешното китење на елката која ако земеме во предвид дека навистина е голема, не е баш така лесно вака да се дотера.
Инстаграм
Маја на ова место со својот партнер Дарко Панчев ужива секојдневно, а и од нивни претходни објави може да се види како изгледа нивниот дом.
Инстаграм
И како што може да се види од овие фотографии, внатрешноста на домот на Маја и Дарко е луксузно уреден, со топли нијанси кои преовладуваат во просторот, максимално осветлен од големите прозори.
Инстаграм
И постарата ќерка Надица на својот Инстаграм со објавите до одреден степен открива како изгледа нивниот дом.
Инстаграм
Нејзино омилено место за фотографирање е пред големото огледало, додека во позадината се гледа ѕидот од стаклени цигли.
Инстаграм
Огромен двор и преубав базен
Инаку, во дворот на куќата има и голем базен во кој цело семејство ужива во текот на летните месеци.
Инстаграм
Повеќе детали и од овој дел во домот на Панчеви, погледнете тука…