Празнична магија во Крива Паланка – илјадници светилки, привлечни штандови, уметнички инсталации (фото)
Крива Паланка покажа како треба да изгледа еден град во пресрет на празниците.
Дека убаво украсениот град знае да ги врати насмевките на лицата на луѓето, да ги развесели децата, да ги собере жителите на едно место, тоа го покажа Крива Паланка.
Блесна со илјадници светилки, сјае во празничен декор и ја донесе празничната магија во срцата на паланчани.
„Желбата за убава празнична атмосфера, задоволни граѓани и насмеани и среќни детски лица, се главниот мотив на градопначалникот Сашко Митовски, четврта година по ред, да се истрае во намерата Крива Паланка да биде најубаво новогодишно украсен град во Македонија и затоа деновиве, градот е повторно облечен во своето празнично руво и наликува на град од бајките.
Општина Крива Паланка заслужено има свои нови обележја „град што блеска“ или „најубаво украсен град во државата“, зошто за тоа сведочат најубавите можни коментари упатени на социјалните мрежи, медиумите и од сите, кои на било кој начин ја почувствувале празничната атмосфера или ги виделе креативните декорации, светлечките инсталации и штандовите исполнети со празнична новогодишна тематика“, велат од Општина Крива Паланка.
Навистина, наликува на град од бајките.