Без разлика дали спаѓате во групата жени кои не се утрински типови, па наутро само набрзина се нашминкувате, или пак сте од оние кои ги обожаваат утринските ритуали па се будите еден час порано за да с подготвите, морате правилно да го подготвите вашето лице за нанесување шминка.
Без разлика дали спаѓате во групата жени кои не се утрински типови, па наутро само набрзина се нашминкувате, или пак сте од оние кои ги обожаваат утринските ритуали па се будите еден час порано за да с подготвите, морате правилно да го подготвите вашето лице за нанесување шминка. Посебно е важна подготовката на кожата кога повеќе сте изложени на сончевите зраци. Ви претставуваме четири едноставни чекори, со чијашто помош вашата шминка ќе трае подолго и нема да ѝ биде потребно коригирање во текот на денот.
1. Првиот чекор е чистење на лицето со мицеларна вода. Ставете малку на памук и нежно со кружни движења чистете го лицето.
2. Особено е важна и негата на областа околу очите, каде што прво се појавуваат знаците на стареење. Ситните брчки можете да ги ублажите со нанесување серум, кој треба лесно да го нанесете.
3. Хидратацијата е особено важна. Жените често прават грешка затоа што нанесуваат пудра без претходно нанесување на хидратантен крем. Во утринските часови таа се нанесува во тенок слој, кој се распоредува на клучните точки на лицето и добро се трие.
4. За утринска шминка најдобро е да избегнувате тешки течни пудри. Идеална замена се кремите со лесна текстура, па благодарение на нив лицето ќе ви изгледа природно. Наместо коректор, кој често е густ, изберете хајлајтер кој ќе ви ги осветли сите клучни точки на лицето и ќе го освежи делот на очите каде се видливи темните кругови.
На трепките нанесете тенок слој маскара и спремни сте за претстојниот ден!