КАКО ПРАВИЛНО ДА ЈА ПОДГОТВИТЕ КОЖАТА ЗА СОНЧАЊЕ: Дали две сеанси во солариум можат да ви помогнат или тие навистина се опасни?
На почетокот заштитниот фактор мора да биде голем
На почетокот на изложување на сонце кај овие типови кожа добро е да се користи фактор 50, а потоа да се намалува. Во тропските предели или на големи надморски височини (планините), подобро е за сите кожи да се употребува повисок фактор. Исто така потребно е да се применува повисок фактор за кожа со посебни потреби – на пример, алергија на сонце, пеги/дамки или појава на меланоми во семејството.
За децата треба да се применуваат високи фактори, ако веќе ги излагаме на сонче. Тука треба да се напомене дека децата и возрасните треба да добијат одреден дел од УВ за да се создаде витаминот Д. Но, ова не значи дека треба да бидат изложени на сончеви зраци во време кога сончевата радијација е најсилна.
Премини на следната страна >>