Неколку правила за преживување кои ќе ви помогнат доколку сте во врска со мамино галениче
Мамините синови не се лоши фраери, но доколку сакате да преживеете во врска со некој таков, тогаш мора да ги знаете овие неколку работи.
Мамините синови не се лоши фраери, но доколку сакате да преживеете во врска со некој таков, тогаш мора да ги знаете овие неколку работи.
Никогаш нема да бидете единствена
Ова е нешто што многу жени го игнорираат во врска со мамините синови. Тој не само што ја сака својата мајка, туку ја обожава и ја смета за светица, а и таа кон него има исти чувства. Тој ќе ве сака и вас, но мора да си го знаете своето место.
Тој не е самостоен
Маминиот син е навикнат жената да се труди околу него, а ако тоа не е неговата мајка, тогаш дефинитивно треба да бидете вие оние кои ќе го служите, ќе внимавате на секој детаљ и слично.
Тој ќе ве споредува
Секогаш и секаде, дури и во некои работи каде што не би требало да го прави тоа. Ако сте во врска со вакво момче,тогаш мора да бидете подготвени на тоа дека никогаш нема да бидете еднакво добри како и неговата мајка.
Дознајте кои хороскопски знаци се непоправливи флертувачи>>>
Ќе ве третира како принцеза
Покрај сите „лоши“ страни во врска со мамините синови, постои и една и особено добра. Мажот кој одрастел создавајќи однос полн со почит кон својата мајка, таков ќе биде и кон другите жени. Тој ќе ве третира исто како и неа. Ако неговата мајка е кралица, вие ќе му бидете принцеза… Под услов да можете да го трпите сето претходно наведено!