Едноставни правила за здрава и негувана руса коса
Секоја жена може да има руса коса, но не секоја дама има здрава и негувана коса. Следуваат неколку совети во врска со тоа како да ја негувате вашата коса и што да правите за таа да биде блескава и сјајна.
Секоја боја на коса може да се бојадиса во руса, но претходно мора да се утврди нејзината состојба за да се определи најсоодветниот третман за постигнување на саканата нијанса. Оваа боја многу убаво им прилега на многу жени, но важно е да се утврди дали треба да се употреби постудена или потопла варијанта. Нијансата на бојата треба да се бира спрема бојата на тенот, а можат да се внесат и прамени во посветли и потемни нијанси на руса за поинтересен изглед. Целосниот изглед се дефинира со изборот на шминка соодветна за русата коса.
Какви фризури и бои за коса се во мода оваа есен и зима >>
Како да ја изберете вистинската боја за коса
Треба да имате во предвид дека производите на пазарот не се за професионална употреба и дека без разлика на она што го пишува на нив, најдоброто решение е – фризер! Сите овие хемиски третмани треба да ги направи стручно лице, односно фризер, во салон и единствено со професионални производи може да се постигне бараната нијанса и добар ефект. Затоа сите стручни лица препорачуваат дека бојадисувањето е најдобро да го направи некој што ја познава вашата коса, т.е. вашиот фризер. Токму затоа не треба сами да ги купувате боите за коса, туку да се препуштите во рацете на вистинските мајстори.
Доколку сепак решите да ја бојадисате косата дома, тогаш задолжително консултирајте се со фризерот за изборот на хидрогенот, бидејќи несоодветен хидроген со погрешен процент може да ви ја оштети косата и да не ја добиете саканата нијанса!
Премини на следната страна >>