Таа е поранешна манекенка и една од најинтригантните први дами на Америка
Но токму поради тоа многумина се интересираат за нејзиниот живот, а тоа ја вклучува и нејзината диета и начинот на кој ја одржува својата линија. Од досегашните интервјуа, односно од ретките прилики кога зборува за себе, за навиките и за начинот на кој што живее, ги издвоивме најважните три правила во нејзината исхрана. Интересно е што првата дама секогаш појадува исто, според што можеме да заклучиме дека таа е дисциплинирана жена што во основа е и главатата причина поради која што и на 47 години изгледа феноменално.
Секој ден го започнува со иста храна
И покрај тоа што е поприлично зафатена, Меланија секогаш одвојува доволно време за појадок кој МОРА да биде здрав. Пред неколку години таа за магазинот GQ откри дека денот обично го започнува со овесна каша која е позната по високо количество влакна и смути сок направен од неколку состојки кои се полни со витамини.
Секој ден јаде одреден број овошје
Се прашувате како Словенката ја одржува својата линија витка, а кожата сјајна? Па таа во нејзината храна секојдневно внесува овошје кое е богато со антиоксиданси. Во едно интервју откри дека нејзина цел е секој ден да изеде најмалку седум овошки.
Не им верува на лошите диети, туку на здравата исхрана
На Меланија и е многу важно во текот на денот да внесува доволно вода во организмот, како би останала хидрирана, а никогаш не консумира мрсна и калорична храна.
Откако го роди синот Барон и се ослободи од килограмите добиени за време на бременоста, призна дека здравата храна и вежбање пилатес, и тоа два-три пати во неделата, најмногу и помогнале да ја одржи својата витка линија.