Одлучете се за праска нијанса на вашите очи, усни и образи
Сон на повеќето жени е еден мејкап изглед да може да го користат и преку денот и за ноќно излегување, за секој ден и за посебни прилики, кога се бледи или кога ќе поцрнат…
Сон на повеќето жени е еден мејкап изглед да може да го користат и преку денот и за ноќно излегување, за секој ден и за посебни прилики, кога се бледи или кога ќе поцрнат…
Благодарејќи на овој тренд, жените повеќе не ќе мораат да се грижат шминката да ја избираат исклучиво според нивната боја на коса, очи или ден, затоа што шминкањето во оваа популарна нијанса на сите добро им прилега.
Бојата на праска на очите, усните и образите совршено одговара на секој тен и е идеална за секоја прилика. Можете да ја користите за свеж, природен сјај и блескав тен.
Дури и ако имате светла боја на кожата, допирот со овие нијанси може да направи да изгледате како штотуку да сте се вратиле од плажа. Праска шминкањето на сите одлично им стои и како руменило на образите и сјај или кармин на усните. Без оглед на тоа која боја е вашиот тен, овие нијанси совршено ќе ги истакнат вашите јаболкници. Сенките во нијанса на праска ќе ги отворат вашите очи и ќе им дадат посебна длабочина.
Ако сте во брзање, со помош на различни нијанси од иста боја на праска, можете да создадете совршен изглед со само малку труд. Овој нежен изглед може да биде ваш избор за различни прилики и без оглед на тоа каков стил на облекување сакате.