Оваа состојка е одличен сојузник против многу штетници. Ако сте љубители на цвеќињата и другите растенија, веруваме дека овие информации ќе ви бидат корисни, а ќе се изненадите колку прашокот за пециво има чудотворно дејство кога станува збор за растенијата.
Против габички, измешајте четири лажички прашок за пециво со околу 4 литри вода и ќе добиете домашен препарат за убивање на габите на вашите билки. Сигурно има помалку хемикалии отколку оној што го купувате.
За цвеќињата кои сакаат алкална почва, како што се бегониите и хортензиите, направете ја следнава мешавина. Ставете една лажичка прашок за пециво во вода и заливајте ги овие цвеќиња. Оваа мешавина ќе ви помогне билките подобро да растат и подобро да цветаат.
Кога ставате цвеќе во саксија, најпрво дното наросете го со прашок за печиво, а потоа додадете земја. Цвеќето ќе се препороди и подолго ќе трае. Исто така, доколку имате проблем со мравките, едноставно ставете прашок за пециво околу мравјалникот и засекогаш ќе се ослободите од нив.