MAMAКафе муабет

Се споредувате ли со другите? Имате ли потреба да им угодувате на сите? Прашања кои ќе ви помогнат да дознаете дали сте несреќни!

Advertisement

Иако сосема нормално е понекогаш да се чувствувате лошо, кај некои луѓе чувството на незадоволство и отсуство на среќа може да се задржи повеќе од вообичаено. Ако се наоѓате и вие во оваа група, тогаш поставете си ги овие прашња и обидете се да го дознаете одговорот зошто се чувствувате несреќно.

ФОТО: unsplash.com

Дали сум опкружен(а) со токсични луѓе?

Преку интеракцијата со луѓето влијаеме на другите, но и тие влијаат на нас. Ако луѓето во вашата околина се позитивни и ве инспирираат, несвесно позитивно влијаат на вас, но и обратно, поради луѓето во вашата околина можете да се чувствувате несреќно.

Advertisement

Се споредувам ли постојано со другите?

Постојаното споредување со другите луѓе може да развие чувство на неспособност, безвредност и да предизвика депресија.

Имам ли потреба да им угодувам на другите?

Невозможна мисија е да им угододите на сите! Додека не си го признаете ова, нема да можете да престанете да го правите тоа.

Се почастувам ли себеси одвреме-навреме со ситници кои ме задоволуваат?

Сакате некој спорт, но никогаш не сте се обиделе да се занимавате затоа што не сте имале време за тоа? Можеби сакате да одите во кино или на лизгалиште? Ако не се грижите вие самите за својот живот, никој нема да го направи тоа!

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button